Генералниот секретар на Обединтеите нации, Антонио Гутереш во средата ја опиша агенцијата на светската органзизација за палестински бегалци (UNRWA) како „столбот на целиот хуманитарен одговор во Газа“ и апелираше до сите земји „да го гарантираат континуитетот на работата на UNRWA за спасување животи“.
Соединетите држави се најголемиот донатор на палестинската агенција на ОН за бегалци на Блискиот исток и привремено го прекинаа своето финансирање, во што беа следени од неколку западни земји сојузници на Вашингтон – Велика Британија, Италија, Германија, Франција и Австрија, откако Израел обвини дека дел од персоналот на агенцијата наводно бол вмешан во нападот на милитантите на Хамас на 7-ми октомври.
„Лично бев ужаснат од овие тврдења. Вчера се сретнав со донаторите за да ги слушнам нивните грижи и да ги опишам чекорите што ги преземаме за да ги решиме“, изјави Гутереш пред Комитетот на ОН за правата на палестинскиот народ.
За овие израелски наводи се дозна минатиот петок кога UNRWA објави дека отпуштила дел од персоналот откако Израел ја информирал дека постојат соменвања дека дел од нејзините вработени во Појасот Газа наводно учествувале во бруталниот напад од 7-ми октомври во јужен Израел. Гутереш во неделата изјави дека од 12-те наводно инволвирани лица, девет се отпуштени, еден е мртов, а идентитетот и улогата на преостанатите двајца се разјаснува.
Досието на израелското разузнавање, во кој увид имала британската агенција Reuters во понеделникот, вклучува наводи дека дел од персоналот на UNRWA бил вмешан во киднапирања и убиства за време на нападот на 7-ми октомври што се смета за повод за сегашната војна на Израел во Појасот Газа, како и дека околу 190 вработени во UNRWA наводно служеле како милитанти во Хамас или во Исламски џихад.
Палестинците го обвинија Израел за фалсификување информации за да ја дискредитира UNRWA, којашто вработува 13.000 луѓе во Појасот Газа , раководи со училишта, клиники за примарна здравствена заштита и други социјални услуги и дистрибуира хуманитарна помош.
„Хуманитарниот систем во Газа се распаѓ. Исклучително сум загрижен за нехуманите услови со кои се соочуваат 2,4 милиони луѓе во Газа додека се борат да преживеат дури и без основните работи.
Оваа хуманитарна агенција на ОН е основана во 1949 година и обезбедува хуманитарна помош, образование, социјални услуги и здравствена заштита на 5,9 милиони палестински бегалци во Појасот Газа, Западниот брег, Јордан, Либан и Сирија, кои ги напуштија своите домови и територии по насилствата и операциите на израелските сили веднаш по основањето во 1948 година на Државата Израел. Според веб-страницата на UNRWA, таа е една од најголемите агенции на ОН. Има повеќе од 30.000 вработени, вклучувајќи 13.000 само во Појасот Газа.