Гваидо подготвен да преговара со Мадуро за решение на кризата

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, рече дека е подготвен за дијалог со претседателот на државата, Николас Мадуро, за да најде решение за кризата, а во исто време изрази подготвеност да соработува со Русија.

Во интервју за француските медиуми тој нагласи дека опозицијата би можела да „разговара со Мадуро“, и повика на продолжување на демонстрациите и дипломатскиот притисок врз Каракас.

Коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека не треба да отстапува од демократските процедури и дека судбината на Венецуела треба да се реши преку избори, Гуаидо рече дека е подготвен да соработува и со рускиот претседател, додавајќи дека инсистира на слободни избори во Венецуела, со присуство на странски набљудувачи.