Предводникот на Баерн (М), Пеп Гвардиола, веднаш по срамниот пораз во Минхен и срамната елиминација во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони изјави дека вината за неуспехот ја гледа кај својот тим кој одиграл очајно лошо во сите 90 минути.
„За да добиеш еден натпревар, за да победиш и постигнеш успех, мораш да одиграш добро во сите 90 минути. Сум доживеал неколку тешки порази во мојата тренерска кариера, а тука ќе го вбројам и овој од Реал (М). Примивме два погодока од нафрлени топки, од прекини на нашата половина. Сепак, вината за поразот мора да се побара во нашата очајна партија, одигравме очајно во сите 90 минути. Ова е единствената причина за поразот и елиминацијата, не постои друга причина, само фудбалска причина. Кога играш лошо, противникот постигнува неколку погодоци. За жал, не ги искористивме шансите кои ги имавме пред противничкиот гол и овој болен пораз можам да го дефинирам само како лоша игра на мојот тим”, изјави трофејниот шпански стручњак.