Гватемала купува 16 милиони дози од вакцината „Спутник V“

Гватемала купува 16 милиони дози од руската вакцина „Спутник V“, со коишти против Covid-19 ќе може да вакцинира половина од своето население, објави во понеделникот претседаетелот на оваа центалноамериканска земја, Алехандро Џаматеи.

Според претседателот на Гватемала, како што пренесува дневниот весник La Hora, веќе била исплатена половината од нарачаните дози од руската вакцина, а нивната испорака се очекува за најмногу 15 дена.

Во меѓувреа, гватемалското министерство за здравство и социјална грижа ги истакнува придобивките од руската вакцина „Спутник V“, наведувајќи во соопштението за јавноста објавено на Twitter дека „Вакцината Спутник V… обезбедува подолготраен имунитет од (другите) вакцините кои го користат истиот механизам“.

Регулаторот во Гватемала ја одобри вакцината „Спутник V“ во феваури, и стана третата земја во Централна Америка кој го одобри рускиот препарата против коронавирусот.

Според последните податоци на агенцијата Reuters, Гватемала која има околу 16,5 милиони жители, од почетокот на пандемијата досега пријавила 195.471 случај на зараза со коронавирусот и 6.891 смртен исход.