Хајнекен ја прекина работата во Русија поради војната во Украина

Холандскиот производител на пиво Хајнекен денеска соопшти дека се повлекува од Русија поради војната на Москва против Украина.

Компанијата соопшти дека нејзиниот бизнис во Русија „повеќе не е одржлив или можен во постоечката средина“, што доведе до одлука да ја напушти Русија.