-На сите им е тешко, но на Македонија и е најтешко, вели Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на тв Телма, во врска со енергетската криза и ценовниот шок.
Хајредини за изјавите на владата на СДС дека најенергично одговорилза на кризата во регионот, вели дека тоа не точно и дека и тие од власта не си веруваат во ваквите изјави.
-Кога на сите име е тешко, на Македонија и е најтешко, околните земји не се во тешка ситуација како нас. Имам критика кон претставниците на власта што ја опишуваат состојбата „нашата влада даде најенергичен одговор во регионот на Западен Балкан на енергетската и ценовната криза“. Но, јас мислам дека тоа апсолутно не е точно и греши и владата и претставниците, дури сметам дека ниту тие самите не веруваат во своите оценки дека ситуацијата е добра, рече тој.
Во однос на спас на стопанството од енергетската криза, Хајредини потенцираше дека владата не ги сфаќа сериозно барањата на бизнис секторот, односно тие како да не живеат во иста држава бидејќи додека стопанството има барања за излез од кризата, владата им одговара дека е најуспешна од сите земји во справување на кризата,
Тие реално ништо не му понудија на бизнис секторот. Како да не живеат тука, велат дека најенергично сме одговориле на енергетската криза и ценовните шокови. Воопшто не го доживуваат бизнис секторот и не го сфаќаат сериозно, бизнис секторот им вели имаме барања, владата им враќа дека сме најуспешни од сите земји, истакна поранешниот министер за финансии.