Хаг бара привремено изземање на санкциите од ЕУ против Русија

Хаг соопшти дека ќе бара привремено изземање на санкциите од Европската унија (ЕУ) против Русија, додека се бори да пронајде нов добавувач на гас за замена на рускиот Газпром.

Холандскиот град информираше оти имало тендер за цела ЕУ во јуни и јули, но, не успеал да привлече ниту една понуда од потенцијални добавувачи.

„Ќе бараме изземање за нашиот сегашен аранжман до 1 јануари 2023 година со цел да гарантираме безбедност на снабдувањето и да ги олесниме преговорите“, напиша советничката Саскиа Бруинес во писмо до градскиот совет.