Поранешниот репрезентативец на Норвешка и фудбалер на рускиот гигант Зенит, Ерик Хаген ја шокираше фудбалската јавност со изјавата дека во минатото поткупил неколку судии кои ја делеле правдата не неколку натпревари од тогашниот Куп на УЕФА.
Иако не сакаше точно да открие за кој натпревар станува збор, Хаген потврди дека пред еден натпревар, заедно со тимските колеги собрале околу 3000 илјади долари и истите му биле понудени на главиот арбитар како мито.
Норвешкиот интернационалец не откри дали станува збор за некој натпревар од сезоната 2007/2008 во која неговиот клуб го освои и победничкиот пехар во Купот на УЕФА.
Хеген потврди дека ви истата таа сезона, на противничките клубови им биле поништени четри регуларни погодоци со образложение дека станува збор за офсајт ситуација.