Хакер доставил до медиуми преписка на американски разузнавач специјалист за Русија

Магазинот Foreign Policy објави дека добил писмо од хакер под псевдонимот Johnnie Walker со архива од електронска преписка на високопозициониран припадник на тајниот оддел на американскиот Стејт департмент, одговорен за разузнавачките активности против Русија.

Според списанието, во вторникот утрото хакерот го испратил писмото со прилозите на неколку адреси. Во текстот се укажувало дека авторот дошол во посед на писмата од приватна електронска адреса на службеникот на серверот gmail.

Во приложената датотека, пишува натаму Foreign Policy, се содржани пораки испраќани во текот од најмалку две години. Некои од нив содржеле и приватни информации (CIA) и другите разузнавачки служби, мејнстрим медиумите, невладини организации и меѓународни фондации“.

Хакерот тврди дека писмата „претставуваат сведоштво за тоа кој е одговорен за воспостувањето на дневниот распоред во многу земји ширум светот, особено онаму каде што ситуацијата не е безбедна“, истакнува Foreign Policy.

Весникот пишува дека според водичот на Стејт департментот за 2017 година, службеникот има високорангирана позиција во управата за разузнавање и истражување, но редакцијата не го наведува неговото име пореди безбедносни причини и настојување на властите.

Една од сопствениците на адресите на коишто се упатувани споменатите електронски писма, изјави за новинарите на весникот дека станува збор за хакирање на преписка „можно и на највисоко рангираниот разузнавачки службеник за Русија во целата американска влада“.

„Тој знае повеќе од кој и да е за тоа што таму се случува“, рекол соговорникот на списанието.

Стејт департментот ниту ја потврдил, ниту ја негирал автентичноста на преписката. Дали овој упад во електронската пошта бил изолиран случај или бил дел од низа кибернетички напад, исто така, не е познато.