Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани, по насилниот влез во системот на државната даночна управа, соопшти бугарската влада.
Нападот на Националната агенција за приходи (НАП) се случил кон крајот на јуни, а е откриен откако едно лице, кое тврди дека е руски хакер, ги контактирало бугарските медиуми доцна синоќа нудејќи им пристап до украдените податоци.
„Владата ви е ретардирана. Вашата кибербезбедност е смешна“, се огласиле хакерите, јавува бугарски Дневник.
Аниномните хакери до медиумите испратија 58 фолдери со над 1 милион податоци меѓу кои ЕМБГ, имиња, адреси и приходи. Според испраќачите, информациите се добиени од еден од серверите во Министерството за финансии на Бугарија.
При прегледувањето на информациите „Капитал“ откри податоци на неколку новинари од весникот, како и на министерот за финансии Владислав Горанов.
„Според карактерот на податоците поверојатно е дека се излезени од Националната агенција за приходни (НАП)“, велат од кабинетот на Горанов за „Капитал“.
Сега се врши истрага за потенцијален упад во компјутерскиот систем во бугарското УЈП. Се проверува дали протечените податоци во јавност се веродостојни на оние со комјутерските системи.
Според анонимниот и-мејл, ова не е целиот корпус на протечени податоци.
„Демократска Бугарија“ по овој скандал побара оставка од министерот за финансии Владислав Горанов.