Извршен е хакерски напад врз една од најголемите криптобери во светот во доменот на обемот на тргување Binance, и притоа се украдени биткоини во вредност до речиси 41 милион американски долари, се наведува во соопштението од средата на компанијата „Binance“.
„Откривме големо нарушување на безбедноста… На 7-ми мај 2019 година во 17,15 часот по УТЦ (20,15 часот по македонско време). Хакерите успеале да добијат голем број API кориснички клучеви, двофакторни кодови за автоидентификација, и можеби други информации. Хакерите користеле различни методи, вклучително и ткн фишинг, вируси и други напади“, се наведува во соопштението.
Како резултат на тоа, хакерите успеале со помош на една операција да повлечат 7 илјади биткоини, или околу 40,8 милиони долари по тековниот курс.
Се прецизира дека средствата биле повлечени преки „хот“ (активни) сметки на биткоини, на кои имало околу 2 отсто од вкупниот број биткоини на криптоберзата. Сите други сметки на компанијата не биле нападнати. Криптоберзата има намера да ја покрие загубата од својот фонд SAFU, при што средствата на корисниците нема да бидат засегнати.
Истовремено Binance ќе ја суспендира во текот на една седмица можноста за депонирање и повлекување средства поради технички работи.
„Должни сме да спроведеме темелна анализа на безнедносните системи… Очекуваме дека тоа ќе потрае околу една седмица“, сооопштуваат од компанијата. Притоа корисниците ќе моќат да тргуваат на криптоберзата.
Од компанијата истакнуваат дека хакерите сѐ уше може да контрилираат одредени кориснички сметки и да ги користат да влијаат врз цената на криптовалутата.
„Внимателно ќе го следиме развојот на ситуацијата, но веруваме дека со исклучувањето на можноста за повлекување на срества, хакерите нема да бидат особено симулации да влијаат на пазарите“, се додава во извештајот.