Фудбалерите на Борусија Дортмунд по седми пат во клупската историја се пробија во четвртфиналето на Лигата на шампионите, одиграувајќи во вторникот вечерта на својот стадиот 2:2 со Севилја.
Двата погодока за „Милиониерите“ ги постигна момчето кое го нарекоа „норвешка машина за голови“ Ерлинг Халанд. За водството погоди во 35 минута а во 54 минута под повторениот пенал ја удвои предноста на Борусија. Севилја со погодоците на Јусеф Ен Насри, сепак, успеа да го избегне поразот. Мароканскиот напаѓач во 69 минута беше прецизен од белата точка, а во шестата минута од судиското продолжение по нафрлување од корнер израмни на 2:2. Меѓутоа, тоа не беше доволно шпанскиот претставник да избори продолженија, бидејќи во првиот дуел во Севилја славеше Борусија со 3:2.
Со залихата од гол повеќе од првото соочување на противничкиот терен, фудбалерите на Борисија можеа да си дозволат на почетокот од вечерашниот дуел да им ја препуштат иницијативата на гостите и да ја чекаат својата шанса од противнапади. Но притисокот на Сввилја уште во првата фаза на мечот можеше да доведе до водство, кога Лукас Окампос во 3 минута шутираше од работ на домашниот шеснаесетник, но неговиот удар одеше директно во домашнито голман Хиц. Севилја најблиску до погодокот беше во 18 минута, кога Сусо влезе од десната страна во шеснаесетникот, имаше доста чиста ситуација но противничката мрежа ја погоди надворешната страна.
А кога Севилја не ги реализираше своите шанси и полушанси, на Борусија во 35 минута ѝ беше доволно една ситуација да изнуди гостинските фудбалери да ја загубат токпата на својата половина од теренот и во три потега да дојде до водечкиот погодок. Дауд го исфрли Ројс на левата страна, а капитенот на Борусија испрати ниска топка во средината, каде ја дочека Халанд и ја спроведе во голот.
Со овој погодок 20 годишниот Норвежанец се израмни со Оле Гунар Солскјер како надобар стрелец на скандинавската земја на натпреварите во Лигата на шампионите. Единствената разлија е што на Халанд за 19 погодици му беа потребни само 14 натпревари, а сегашниот тренер на Манчестер Јунајтед тоа го стори за 77 натпревари.
Во вториот дел домашните тргна да ја отстранат секоја можност да бидат изненаден, и се чинеше дека веќе успеаја во тоа во 48 инута кога Халанд повторно го погоди голот на Севлија. Но главниот арбитар, Турчинот Чунејт Чакир прво со асистанцијата на ВАР-от го поништо погодокот на Халанд поради прекршок, за потоа да пресуди пенал за домашните, поради прекршокот врз норвешкиот напаѓач кој се случил две минути претходно. Боно го одбрани ударот на Халанд од белата точа и уште еден откако Халанд прв дотрча до одбениата топка. Сепак, повторно ВАР-от асистираше пеналот да биде изведен, затоа што мароканскиот голман предвреме ја напуштил гол-линијата. Во вториот обид Халанд беше прецизен и дојде до својот 20-ти погодок во Лигата на шампионите, или десетти оваа сезона.
Во продолжението Борусија во неколку наврати можеше да ја зголеми својата предност, кога Севилја целосно се отвори, но следниот погодок беше постигнат на спротивната страна. И тимот од Андалузија доби пенал, а Ен Несири беше сигурен реализатор. Севилја тогаш тргна по пресврт, но се до шестата минута од судиското продолжение на регуларниот тек на мечот, кога Иван Ракитиќ изведе корнер а на вистинското место се најде Ен Насри и го постигна својот втор погодок на мечот. Севилја до крајот уште еднаш сериозно се закани, но не успеа да дојде до продолженијата.
Борусија по седми пат во својата историја, а првпат по 2017 година, избори место во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а со кого ќе се соочат ќе биде познато по жребувањето во Нион на 19-ти март.