По објавувањето на информацијата во некои медиуми во врска со вооружениот грабеж на филијала на „Халкбанк АД Скопје“ во Визбегово, Халкбанк АД Скопје ја проследува следната изјава за медиуми:
Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.