![zaloznici izrael](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/zaloznici-izrael.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Радикалното палестинско движеење Хамас ги прекина преговорите со Израел за размена на заложници поради израелските напади врз билницата „Ал Шифа“ во градот Газа, објави агенцијата Reuters повикувајќи се на палестински фунционери.
Претходно во неделата иранската државна новинска агенција Tasnim, повикувајќи се на извори во Газа објави дека во болницата „Ал Шифа“, најголемиот болнички комплекс во палестинската енклава, целосно е исклучено снабдвуањето со струја, како и дека истовремено израелската војска спроведува масивно бомбардирање во нејзина област и во дворот.
Израел тврди дека, болницата во која покрај многуте ранети лица има и илјадници засолнети цивили, им служи на милитантите да ги сокријат своите командни центри, што Хамас го негира.
Заменик-министерот за здравство во владата на Хамас во неделата претпладнето за AFP изјави дека зградата во која е сместен оддрлот за кардиологија во споменатиот болнички комплекс била „целосно уништена“ во израелски воздушен напад.
Во саботата невладината меѓународна организација Лекари без граници (MSF) објави дека во израелски напад е било погодено породилното одделение во болница што „доведе до бројни загинувања и ранувања“.
Во петокот Светската здравствена организација (СЗО – WHO) соопшти дека од почетокот на судирот на 7-ми октомври регистрирани се најмалку 245 напади врз здравствени установи во палестинската енклава, од кои 118 во самиот град Газа.
Истиот ден, телевизијата Al Arabiya, повикувајќи се на свои арапски извори, објави дека Израел и Хамас постигнале довор за размена на лицата кои ги држат. Како што беше наведено во веста, Изрел требало да ослободи жени и деца, а Хамас од заложништво да ослободи 100 Израелки.
Во ненадекниот брутално смртонесен напад во јужен Израел, милитантите на Хамас во заложништво во Појасот Газа однеле околу 250 лица. Покрај војници, меѓу заложниците повеќето се жени и деца, како и странски државјани, а досега се ослободени три жени и едно момченце.
Претходно седмицава групацијата Бригадите на Ал Касам, военото крило на Хамас, соопшти дека повеќе од 60 израелски заложници загинале во израелските напади врз разни цели во Појасот Газа. Беше наведено и дека многу од жртвите се затрупани под урнатините.
Илјадници луѓе протестираа во саботата вечерта во израелскиот крајбрежен град Тел Авив и други градови во земјата барајќи ослободување на 239-те заложници држени во палестинската енклава Појасот Газа.
Демонстрантите во Тел Авив се собраа пред музејот на уметност во центарот на градот. Држеа транспаренти на кои пишуваше „Израелците за прекин на огнот“, „Нема победници во војната“ и „Нема воено решение“. Протести се одржаа и во Ерусалим, Цезареја, Бершеба, Хаифа и Еилат. Демонстрантите во Хаифа побараа оставка од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада поради тоа што не го спречиле нападот на Хамас.