Палестинската исламистичка групација Хамас успеала да ги хакира мобилните телефони на „илјадници“ израелски војници, објви во неделата портапролот наизраелската армија, истакнувајќи дека тоа сепак не резултирало со загрозување на нивната и националната безебдност.
Со тоа милитантното палестински движење коешто управува со енлаквата Појасот Газа, сакал да собере разузнавачки информации, изјави портпалот на изралската војска, полковниот Јонатан Конрикус.
Израелската војска заедно со безбедносната агенција Шин Бет го спречила обидот на Хамас откако војниците пријавил сомнителни обиди да се стапи во контакт со нив преку социјалните мрежи. Се покажало дека младите атрактивни жени кои барале воспоставување контакт, биле фиктивни лица, откри Конрикус.
Според израелската војска, со таа цел Хамас создале неколку лажни профили на социјалните мрежи, користејќи фотографии на млади привлечни жени. Првпат, според Конрикус, Хамас дури успеал да користи и генерирани женски гласови, кои можеле да комуницираат со војнциите или да им испраќаат аудио пораки. За да ја додадат автентичноста на своите лажни ликови и да го објаснат на нивното непознавање на хебрејската граматика, милитантите на војниците им кажувале дека жените се еврејски имигранти.
’Девојките’ им нуделе на војниците преземање посебни програми за размена на фотографии и пораки кои по извесно време исчезнуваат. При преземањето на апликацијата, вирусот се внесува во телефонот, добивајќи пристап до сите податоци сочувани во него, вклучително и гео-локацијата, меморијата на уредот, камерата. Ваквата програма-шпион, според војската, овозможувала да се прават снимки со далечинско управување со мобилниот телефон.
„Ова е трет ваков обид во последните три и пол години. Последниот вакво напад го одбивме во јули 2018 година… И забележуваме дека овојпат непријателот користел понепредни и технички поусовршени методи“, изјави Конрикус.
Хакерите стапиле во конкт со војниците преку популарните социјалните мрежи и месинџери Facebook, Instagram, WhatsApp, а првпат за ваква цел бил искоритен и Telegram.
Во спречувањето на овој и на сличните напади во минатото, меѓу другото, спроед Конрикус, помогнала и „будноста и подготвеноста“ на самите припадници на војската.
Израелската армија не се соменва дека зад обидите да се инсталира шпионска содржина на телефоните на нејзините припадници стои Хамас. Тоа го потврдиле и со фактот дека овојпат бил активиран лик кој претходно веќе бил користен од страна на палестинската групација за слични цели.