Военото крило на палестинското исламистичко движење Хамас, „Бригадите на Изедин ал-Касам“ ќе го прекине привремено ракетирањето на израелскиот град Тел Авив, соошто во саботата ноќта портпаролот на крилото Абу Убајда.
„Бригадите ал-Касам им даваат на жителите на Тел Авив примирје од два часа, од 22 до 24 часот“, објави Убајда.
Малку претходно израелската војска објави дека воздухопловните сили го гаѓала домот на челникот на штабот за специјални операции на Хамас.
„Пред извесно време израелските воздухопловни сили ја целеа куќата на шефот на штабот за специјални операции на Хамас“, соопшти армиската прес-служба.
Во интервал од половина час, армијата објави и дека израелските борбени авиони извеле напад врз домовите на двајца високопозиционирани команданти на Хамас во Појасот Газа.
„Претходно денска, изралеските авиони ги нападнаа домот на Тисар Мевашир, командант на баталјонот на Хамас во Кан Јунис, и домот на Хази Тамаа, бригаден генерал на терористичката организација Хамас во Деир ал-Балах. Двата објекта Хамас ги користеше како воени“ со што претставуваат легитимни воени цели, соопшти израелската војска.
Ситуацијата на границата меѓу Израел и палестинската енклава Појасот Газа ескалираше вечерта на 10-ти мај. До саботата вечерта, од почетокот на разгорувањето на судирите од Газа истрелани над 2.800 ракети, од кои според изралеската војска 430 паднале во самата енклава веројатно предизвикувајќи цивилни жртви. Израелските сили тврдат дека нивниот противракетен систем „Челична купола“ уништил речиси 90 отсто од другите проектили.
Според последните информации, во Израел во ракетирањата се убиени осум цилвили, од кои едно дете и еден војник. Во израелските возвратни воздушни и артилериски удари брз Појасот Газа загинале 145 луѓе, од кои 41 дете.