Хамас порача дека е подготвен да ги продолжи ракетирањата врз Израел

„Бригадите на Изедин ал-Касам“ военото крило на палестинското исламистичко движење Хамас кое управува со енклавата Појасот Газа во разгорената спирала на палестинско-израелското насилство, порача во четвртокот дека е подготвено да ги продолжи ракетирањата врз Израел, како и дека по прашањето на Ерусалим „нема црвени линии“.

„Ги гаѓавме Тел Авив, Ерисалим, Димон и другите градови, и сѐ уште имаме што да дадеме во оваа битка. Што се однесува до Ерусалим и џамијата Ал Акса нема црвени лини, а оганот врз Тел Авив за нас е како да испиваме чаша вода“, изјави порптаролот на Бригадита на Изедин ал-Касам, Абу Убајда во видео порака на мрежната страница на организацијата.

Наскоро потоа движењето објави дека истрелало ракета од типот „Ајаш“ со дострел од 250 километри кон аеродромот „Рамон“ во долината Тимна на југот на Израеел, пренесе радиот станицата Dunya Al Watan.

Според информацијата, ова ракетирање било одоговр на радикалите на неодамнешното уништување на цивилната инфрастурктура во Појасот Газа во израелските воздушни удари. Истовремено Хамас ги повика сите меѓународни воздухопловни компании да ги откажат летовите во регионот.

Повеќе воздухопловни компании, меѓу кои и „British Airways“, „United Airlines“, „Delta Air Lines“ и „American Airlines“ претходно веќе ги откажаа сите летови за Тел Авив.

Претходно портпаролот на израелската војска потврди дека неколку единици се подготвени за копнено настапување во палестинската енклава како што тоа беше случајот во претходните две палестинско-израелски војни во 2014 и 2008/2009 година. Меѓутоа, засега не е издадена таква командат.

Од ноќта кон понеделникот ситуацијата на границата меѓу Израел и Појасот Газа остро ескалираше. Израел изведе удари во палестинската енклава, како што соопшти војската врз 600 борбени позиции и стратешки цели на Хамас и милинтантите од Ислански џихад. Според минситерството за здравство во Газа, во трите дена воздушни удари убиени се 83 Палестинци, од кои 17 деца и седум жени.

Портпаролот на израелските сили, полковникот Јонатан Конкрикус објави дека најмалку 1.600 ралети биле истрелани од Појасот Хаза од почетокот на непријателствата. Од тоа речиси 400 паднале во самата енклава предизвикувајќи ги веројатно цивилните жртви, а ефикасноста на израелескиот противракетен систем „Челична купола“ соборил 90 отсто од проектилите истрелани кон израелската територија. Според него, од почетокот на судирите, загинале шест израелски цивили, од кои едно дете и две жени а една жртва е индиски работник, како и уште еден војник во патрола на граничната линија.