Светскиот првак во Формула 1, Британец Луис Хамилтон, е најдобар спортист во Европа во 2019 година во 62-от избор на европските национални новински агенции.
Шесткратниот светски првак Хамилтон добил 151 бод и победи пред шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 140 и австриските ско-скокач Марсел Хиршер со 76 бодови.
За Хамилтон ова е третпат како го освојува овој престижен избор, кој го организира полската новинска агенција PAP, а учествувале француската AFP, романската Agerpress, турската Anadolu Ajansi, холандската ANP, италијанската ANSA, австриската APA, грчката ANA, белгиската Belga, бугарската БТА, чешката CTK, германските DPA и SID, шпанската ЕFE, литванската ELTA, хрватската HINA, португалската LUSA, малтешката MNA, молдавската Moldopress, унгарската MTI, словенечката STA, финската STT, српски ТАНЈУГ, словачката TASR, украинската Укрінформ и руската ТАСС.
РЕДОСЛЕД
1. Луис Хамилтон (Велика Британија, Формула 1) 151
2. Рафаел Надал (Шпанија, тенис) 140
3. Марсел Хиршер (Австрија, скијање) 76
4. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) 71
5. Сифан Хасан (Холандија, атлетика) 69
6. Виргил ван Дијк (Холандија, фудбал) 61
7. Карстен Ворхолм (Норвешка, атлетика) 47
8. Марк Маркез (Шпанија, мотоциклизам) 47
9. Јанис Антетокунмпо (Грција, кошарка) 46
10. Јоханес Тингнес Бо (Норвешка, биатлон) 44