Хамилтон: Уште 300 илјади долари потрошени од Мерцедес би го промениле исходот на сезоната

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека дополнително вложување би ги променило резултатите од сезоната 2021 година. Британецот загуби од Макс Верстапен од Ред Бул по контроверзните одлуки во последната трка од шампионатот, оставајќи го противникот да победи во последните кругови.

– Доколку потрошиме 300 илјади долари на ново дно или изменето крило, ова природно би го променило исходот на првенството, бидејќи би биле поконкурентни, изјави Хамилтон за Би-би-си.

Се претпоставува дека Ред Бул и Астон Мартин го надминале финансискиот плафон за трошење минатата година, но дали е ова точно ќе се знае на 10 октомври за кога Светската автомобилистичка федерација (ФИА) најави презентација на финансиските извештаи за тимовите во Формула 1.