Иран ќе ја задржи забраната за преговори со САД, изјави врховниот авторитет ајатолахот Али Хамнеи во неделата истакнувајќи дека двете земји се неппомирливи непријатели во пресрет на одбележувањето на 40-годишнината од опсадата на американската амбасада во Техеран.
„Начинот да се запре американската политичка инфринтрација е да се забранат сите преговори со Америка. Тоа значи дека Иран нема да се покори на американскиот притисок. Оние кои веруваат дека преговорите со непријателот ќе ги решата нашите проблеми 100 проценти се во грешка“, изјави ајатолахот Хамне во преносот на државната телевизија.
Односите меѓу Техеран и Вашингтон ескалираа од мај минатата година кога САД се повлекоа од нуклеарниот договор кој Иран со шесте светски сили го потпиша во 2015 година, кога иранската страна прифати ограничување на својата нуклеарна програма во замена за укинување на децениските меѓународни санкции. САД, кои сакаат да наметнат ограничување и на иранската балистички програма, вратија поголем дел од санкциите, а особена цел е потполното блокирање на иранскаиот извоз на нафта за да го принуди Техеран на преговори за нов поширок договор.
Хамнеи им забрани на иранските функционери да учествуваат на такви преговори, сѐ додека САД не се вратат во рамките на нуклеарниот договор и не ги укинат сите санкции.
Годишнината од опсадата на американската амбсада во Техеран по иранската исламска револуција од 1979 година, се одбележува во Иран со масовни протести на кои ширум земјата се извикува „Смрт на Америка“.
Опсадата на амбасадата го забетонира непријателството меѓу двете земји, коа стана централен чинител на геополитиката на Блискиот исток, и важен дека од иранската национална идеологига. Иран, кој ги обвинува САД за поддржување на бруталниот режим на соборениот шах, држеше 52 Американци 444 дена во амбсадата.
„САД не се променија со децении…. ја продолжуваат истата агресивна, зла политика и истата меѓународна диктатура“, рече Хамнеи.