Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека ракетниот напад врз базите со американски војници во Ирак е шлаканица за Америка, додавајќи оти „не е доволна воена акција“.
– Корумпираното присуство на САД во регионот треба да заврши бидејќи тоа предизвика војна, поделби и уништување, истакна Хамнеи.
Иран истрела повеќе од 22 балистички проектили врз две американски воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност за напад истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.
Пентагон потврди дека ракетите се лансирани од територијата на Иран при што се погодени базите Ал Асад и Ирбил, при што загинаа околу 80 американски војници.