„Ти немаш чувство за политика, а сакаш да бидеш премиер. Со ова однесување ќе ти се распадне партијата“.
Со овие зборови еврокомесарот Хан му се обратил на лидерот на СДСМ Зоран Заев по неговото упорно одбивање да го прифати договорот за избори во април, објави Press24 повикувајќи се на дипломатски извори.
-Според нашите информации, Хан бил толку лут што дури и со раката удрил по масата. Истите зборови на адреса на Заев биле упатени и од Ричард Ховит, по што лидерот на СДСМ попуштил под притисокот и се согласил во април да се одржат избори, пишува порталот.