Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан соопшти дека на претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи им доставил предлог за решавање на „релевентните трговски прашања“.
Хан нагласи дека очекува позитивен одговор од Вучиќ и Тачи за предлогот, кој според него би бил основа за можно продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
– Двајцата го разбираат мојот предлог… и во следните неколку дена од нив очекувам позитивен одговор. Тие сфаќаат дека Косово и Србија мора да седнат на маса за едноставно да ги надминат овие, ајде да ги наречеме, трговски иритации, што е основен услов за продолжување на конкретните разговори и конкретниот дијалог, нагласи Хан во интервју за телевизијата Н1.
Тој изразува надеж дека сепак може да се најде решение за проблемот со таксите што ги воведе Косово за увозот на стоки од Србија и дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе може да проодлжи до крајот на годината.