Европската унија го добила писмото што поранешниот македонски премиер Никола Груевски го испрати до Комесарот за проширување, но не сака да го коментира, се наведува во прилогот на Пресинг ТВ, во кој збпорува портпаролката на европската дипломатија Маја Коцијанчич.
Во врсска со писмото и за барањето на Груевски независни експерти да го испитаат неговиот случај, Коцијанчич вели дека
„Видовме дека Груевски испрати писмо до неколку членови на меѓународната заедница, вклучувајќи ја и ЕУ. Како што знаете, ЕУ не дава коментар или интервенира во тековните судски постапк“, се наведува во прилогот на Пресинг ТВ.
Пред да побара политички азил и да замине од Македонија екс премиерот им пишал писмо на челниците од ЕУ. Во писмото тој бара меѓународни судии да извршат проверка на масовниот политички прогон во државата.
Поранешниот премиер писмото го испратил до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини, комесарот за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ и претседателот на европската народна партија Жозеф Дол.