Хан: Високо ниво на соработка меѓу земјите од Западен Балкан

Хан: Високо ниво на соработка меѓу земјите од Западен Балкан, фото: Танјуг
Хан: Високо ниво на соработка меѓу земјите од Западен Балкан, фото: Танјуг

Очигледно е повисокото ниво на соработка меѓу земјите од Западен Балкан. Ова е констатацијата на европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Конференцијата за Западен Балкан во Виена потврди дека во тој регион има голем број позитивни процеси, и дека е очигледно повисоко ниво на соработка меѓу државите, кои се одлучни билатералните конфликти да ги решаваат во рамки на тој процес, изјави Хан.

Хан во изјава за „Танјуг“ рекол дека државите од Западен Балкан воспоставиле добри односи и дека одржуваат заеднички седници на владите.

Еврокомесарот, изразувајќи задоволство од самитот во Виена, рече дека таквите собири се подготвуваат долго време однапред и дека се прилика, еднаш годишно, на највисоко ниво, да се направи преглоед на она што е постигнато.

Хан: Високо ниво на соработка меѓу земјите од Западен Балкан, фото: Танјуг
Хан: Високо ниво на соработка меѓу земјите од Западен Балкан, фото: Танјуг

Годинава постигнавме многу, како во однос на содржината, така и во атмосферата, истакна Хан.

Хан: На Самитот подвлечена е европската перспектива на сите држави од регионот

Во согласност со тоа, како што вели, во заклучоците на Самитот подвлечена е, европската перспектива на сите држави од регионот.

Хан укажува на значењето на фактот како на пример дека на самитот  е постигнат договор за конкретни инфраструктурни проекти и за транспортот.

Станува збор за инвестициски пакет во износ од 600 милиони евра за годинава, потсетува еврокомесарот.

Инаку вчера во Виена се одржа Самит за Западен Балкан, кој се одржуваше како продолжение на „Берлинскиот процес“, што пред една година беше инициран од германската канцеларка Ангела Меркел.

На самитот во Виена учествуваа премиери, министри за надворешни работи и претставници на владите на земјите од Регионот, австрискиот канцелар Вернер Фајман, германската канцеларка Ангела Меркел како и голем број претставници на ЕУ.