Во првиот дуел од единаесеттото коло на германската Бундеслига, Хановер пред своите гледачи дојде до втората победа сезонава совладувајќи го Волсфбург со 2:1 (1:0).
Домашните стасаа до водството од 2:0 со головите на Линтон Маина во 31 и Ихлас Бебу во 62 минута од пенал, а поразот на гостите го ублажи Воут Вегхорст во 82 минута исто така од пенал.
Хановер остана на 16-то место на табелата со девет бодови, четири повеќе од Фортуна и Штутгарт кои ги држат последните две места, додека Волсфург е 11-ти со 12 бодови, но теоретски по недела може да падне до 15-то место.
На врвот е Борусија Дортмунд со 24 бодови, четири повеќе од истоимениот клуб но од Менхенгладбах и актуелниот шампион минхенски Баерн.
Во саботата во Бундеслигата се играат уште пет натпревари, и тоа Хофенхајм – Аугсбург, Фрајбург – Мајнц, Фортуна – Херта, Нирнберг – Штутгарт, Вердер – Борусија М, а денот го завршува дерби мечот меѓу дортмундска Борусија и Баерн. Во недела пак ќе се соочат Лајпциг – Баер Леверкузен и Ајнтрахт – Шалке.