Вкупно 51 лице се јавило вечерва во болницата во Пирот. Седумина од нив се повредени во несреќата која беше предизвикана со истекување на амонијак кога цеден вагон излизгал од шините, а еден од нив е потешко интоксиниран и префрлен во Клиничкиот центар во Ниш.
Останатите пациенти имале симптоми со труење, двајца со потешка клиничка слика. Сите се со стабилни параметри и поблаги хемиски хемиски опекотини, велат од КЦ Ниш.
По излетувањето на вагонот и истекувањето на амонијакот и на автопатот се создала завеса од испарувањата, па неколку возила излетале од патот.
На тој дел од автопатот настанал хаос, па возилата на противпожарната заштита и брзата помош имале потешкотии да пристигнат на местото на несреќата.