Хара претерал претерал со провокациите кон Кавани

Инцидентот што се случи минатата недела на натпреварот меѓу Чиле и Уругвај во четвртфиналето на Копа Америка се уште е во центарот на вниманието на јужноамериканската фудбалска јавност.

Нови детали од пресметката на Гонзало Хара и Единсон Кавани откри асистентот на уругвајскиот селектор Марио Ребољо кој изјави дека репрезентативецот на Чиле воопшто не бирал средства да го испровоцира својот противник.

“За мене е многу посериозно она што Хара му го зборувал на Кавани, отколку физичкиот контакт меѓу нив двајца. Хара му рекол дека татко му ќе “скапе” во затвор 20 години”, изјави Ребољо.

Како што е познато, татко му на Кавани два дена пред натпреварот меѓу Уругвај и Чиле усмрти младо момче на мотоцикл откако го удри со автомобил. Поради тоа, Кавани до последен момент размислувал дали да игра против Чиле или да се врати дома. Инаку, конфликтот меѓу двајцата фудбалери кулминираше откако Хара му брцна прст во задникот на Кавани, а Уругваецот за тоа доби втор жолт и, автоматски, црвен картон.