![_83704104_gettyimages-157217991](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/83704104_gettyimages-157217991.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Премиерот на Косово Рамуш Харадинај изрази надеж дека демаркацијата на границата со Црна Гора ќе биде решена и дека Косово конечно ќе добие визна либерализација.
„Разговарам со граѓаните на Косово секој ден, работам за нив 16 часа дневно“, кажа тој во интервју за Дојче веле.
Истакна и дека народот на Косово очекува Србија, на крајот на дијалогот на Белград и Приштина, да ја признае независноста на Косово. „За нас дијалогот само со тоа има смисла“, кажа Харадинај.
На прашањето дали е можна поделба на Косово која отворено ја предложуваат и некои политичари од Србија, косовскиот премиер кажа:
„Играта со границите е опасна на Балканот, кој и да си игра со нив. Не верувам дека тоа се сериозни приказни и не би сакал некогаш да зборувам за тоа затоа што знаеме што следи ако си играме на тој начин“, кажа косовскиот премиер и додаде:
„Ќе следат трагедии на кои сѐ уште се сеќаваме и не е паметно да се зборува за тоа. Многу е опасно“.