Харадинај во Хаг се бранел со молчење

Во Специјалниот суд во Хаг заврши распитот на косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, пред обвинителите од специјализираните комори на Судот.

По завршувањето на распитот, Харадинај изјави дека се бранел со молчење.

„Ја исполнив законската обврска како осомничен. Добив правен совет да не одговорам за што бев прашуван. Овие законски процедури не се да се крие нешто од јавноста, но бидејќи законот не ми дозволува…“, изјави Харадинај.

Тој, исто како и пред заминувањето од Косово во Холандија на распит, рече дека сè уште не ја знае неговата улога во неговото поканување на распит како осомничен.

По распитот, Харадинај најави дека веднаш по враќањето во Косово ќе се вклучи во политичкиот живот.

Харадинај кога ја доби поканата од Судот во Хаг си поднесе оставка, бидејќи, како што рече, не сакал да оди таму како премиер туку како обичен граѓанин