Имено, компанијата “Адидас” му понудила договор за рекламирање патики во траење од 13 години, а кој ќе има вредност од 200 милиони долари.
Претходниот договор кој Харден го имаше со “Најк” му истече, а оваа компанија ќе треба во најмала рака да ја израмни понудата на “Адидас” за “брадата” да потпише повторно со нив.
Харден е ставен на “слатки маки”, бидејќи со кого и да потпише годишно ќе инкасира преку 15 милиони долари, што е речиси идентично како и неговата плата по сезона која ја заработува во Хјустон. Според договорот кој го има со тимот од Тексас, тој заработува околу 16 милиони долари годишно.
Доколку потпише со „Адидас“ тогаш Харден ќе влезе во ТОП 5 најбогати договори за рекламирање на патики.