![Prince Harry and Meghan, Duchess of Sussex expecting first baby](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/princ-hari-i-megan-markl.jpg?resize=696%2C444&ssl=1)
Британскиот принц Хари во своите мемоари напишал дека неговиот татко, кралот Чарлс Трети е љубоморен на неговата „прекрасна и неодолива“ сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл, како дека му пречи количеството публицитет кој ги добиваат неговиот брат принцот престолонаследник Вилијам и неговата сопруга Кетрин Мидлтон.
Во неговата долгонајавувана автобиографија „Spare“, која непланирано порано е објавена во Шпанија, Хари пишува дека неговиот татко му рекол дека „нема пари за фрлање“ за финансиски да ги поддржи него и Меган, бидејќи се плашел дека „фасцинантната“ американска актерка ќе му го украде целото внимание.
Принцот Хари тврди дека сегашниот британски крал Чарлс Трети тоа „уште претходно го има искусено па не сакаше да дозволи тоа да му се повтори“, алудирајќи на вниманието којашто во јавноста ја уживаше неговата мајка, покојната Дијана, некогашната принцеза од Велс.
По венчавката, додека Хари и Меган како членови на кралското семејство ги извршуваа официјалните должности, Чарлс финансиски ги поткрепувал., но тоа го прекинал откако двојката се пресели во САД.
Во книгата, исто така, се наведува дека британскиот монарх неволни се согласил и да ги потпомага Вилијам и Кејт, иако заработувал милиони од лукративното војводство од Корнвол.