Досегашните војвода и војвотка од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл, повеќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги корситет своите титули Кралско Височество и повеќе формално нема да ја претставуваат британската кралица Елизабета Втора, објави во саботата Бакингемскиот дворец.
„Војводата и војвотката од Сасекс се благодарни на Нејзиното Височество и на кралското семејство за нинвата поддршка во моментов, кога ини ја започнуваат новаата етапа од нивните животи, Според договоренот, тие разбираат дека мора да се оддалечат од кралските должности, вклучително и од официјалните воени церемонии… Со благослов на кралците, војводата и војвотката ќе продолжат да ги поддржуваат организациите и здруженијата чии покровители се. Иако веќе не можата официјално да ја претставуваат кралицата, тие јасно ставија до знање дека ќе сторат сѐ што е во нивна моќ за да продолжат да ги ги поддржуваат вредностите на Нејзиното Височество“, се истакнува во соопштението на Бакингемскиот дворец.
Кралицата Елизбета Втора, пак, во јавноста излезе со засебна писмена изјава.
„По повеќемесечни разговори и неодамнешните разговори, драгоми е што успеавме да најдеме конструктивен пат за напредок на мојот внук и неговото семејство… Хари, Меган и Арчи (нивниот првороден син) секогаш ќе бидат многу сакани членови на моето семејство. Ги сфаќам предизвиците кои ги доживуваа поради голамот внимание на јавноста во последните две години и ја поддржувам нивната желба да живеат понезависно“, се истакнува во писмената изјава на кралицата Елизабета Втора.
Кралицата додава и дека е „особено горда“ затоа што Меган станала дел од семејството. „Моето цело семејство се надева дека денешниот договор ќе им овозможи да започнат да градат среќен и мирен нов живот“, се додава во соопштението на Бакингемскиот дворец.
Објавено е и дека Хари и Меган повеќе нема да добиваат јавни пари за извршување на кралските должности, како и дека ќе ги вратат парите кои ги потрошиле за реновирање на својата куќа во Виндзор. Станува збор за 2,4 милиони фунти.
Промените стапуваат на сила пролетва годинава, објави уште Бакингемскиот дворец, кој не ги коментира безбедносните аранжмани договрени за Хари и Меган. Нема информации и за сумата за финансиските донации од принцот Чарлс кои би требало да ѝ припаднат на двојката од приходите од неговите приватни
Триесет и петгодишниот Хари и неговата 38-годишна сопруга Меган Маркл, предизвикаа криза во британското кралско семејство овој месец објавувајќи дека сакаат да ги намалат своите кралски должности и да минуваат повеќе време во Северна Америка, како и да станат понезависни.
Кралското семејство изрази дека е повредено и разочарано од ваквата одлука, но кралицата Елизабета Втора на крајот се согласи со нивните желби.
Кралицата по семејниот кризен состанок во понеделникот, на кој учествуваа и принцот од Велс – Чарлс, таткото на Хари, и војводата од Кембриџ – принцот Вилијам, братот на Хари, порача дека „потполно ја поддржува“ нивната желба за нов живот, иако би ѝ било помило да останат членови на кралското семејство „со цело работно време“.