Хари Кејн го собори рекордот во Бундеслигата со 31 гол

Англискиот фудбалер Хари Кејн, моментално член на минхенскиот Баерн, постави голем рекорд во Бундеслигата постигнувајќи еден гол на мечот меѓу Дармштад и Баерн во кој неговиот тим победи со 5:2.

Тоа беше натпревар од 26. коло во Бундеслигата, а Кејн погоди во судиското надополнување во првото полувреме за 2:1. Тоа беше негов 31. првенствен гол оваа сезона, со што стана играч со најмногу голови во премиерната сезона на германскиот шампионат. На почетокот на сезоната Кејн дојде во главниот град на Баварија од лондонски Тотенхем.

Претходен рекордер беше легендарниот Уве Зелер, кој како дебитант во сезоната 1963/64. постигнал 30 голови.

Исто така, Кејн со 31 погодок постави и личен рекорд. Досега има постигнато најмногу 30 првенствени голови во една сезона во дресот на Тотенхем. Секако, сезоната се уште трае, а Кејн сигурно ќе ги подобри сопствените остварувања во следните осум кола.

Сметајќи ги сите натпреварувања оваа сезона, Кејн постигна 37 гола на 35 натпревари за Баерн.