Косовскиот премиер Хашим Тачи ги повика сите раселени лица да се вратат во својата татковина, пишуваат косовските медиуми известувајќи за неговата посета на српските семејства во општина Клина.
„Сакам заедничка иднина за сите. Косово е наше, тоа е татковина за сите и ние сите работиме заедно за да изградиме едно европско Косово,“ изјави Тачи кој при посетата на Клина бил заедно со потпретседателот на косовската владата Слободан Петровиќ и министерот задолжен за враќање на раселените лица Далибор Јевтиќ.