
Ние сме, можеби, последната генерација која слободно шетала на планетава.
Каков бомбастичен наслов, а? Од надалеку да се чуе и омириса дека ова е некоја многу длабоко умствена ракотворба на попишанка, ма уште две овакви со 20 латинизми и има да ме молите да бидам амбасадор во САД. Тенкјуендфакју, драги мои, никаТ. Со специјализми, извртерни филозофски цитати и купишта несоодветни фрази, простата маса си остана одушевена за овој од втор по ранг после Бранко, курназ од човек-политичар… Туку не е ова за него, ова е за вас.
Добри сте? Добро живеете? Не? Па секако, лапајте кво вадис-вадис ретро, како и досега. Океј, не живееме лошо, но живееме со се’ полошо чувство – зошто? Затоа што се предадовме и откажавме од нашите права и слободи.
ЛУЃЕТО СЕ ОТКАЖАА ОД СЛОБОДАТА ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСТ
Тоа се нарекува Хегелова Дијалектика. „Тие“, креирааат проблем. Секој проблем создава реакција. Ако има доволно страв и хистерија луѓето нема само да го прифатат решението кое им го нудат истите кои им ги скратило нивните права, туку просто и молат да им бидат одземени.
Оние кои ни креираа, а кое пак детално ви го опишав во минатата епизода од серијата Жолтко и Лутко, заради сопствена безбедност не’ убедија дека тоа е добро за сите нас и ги молиме, ги гласаме, на колена им паѓаме токму ним. Баш оние кои ви говорат за теории на (лажни) заговори работат, несвесно, токму за нив. Тоа пак само покажува дека теоретичарите на харпови, 5Г, елиени, рамни земји, а себе се перецепираат како слободни и храбри луѓе во суштина се само прилично вигорни ликови спремни да се борат за казузата, но абер немаат во чија корист оди тоа, и имаат страшно ниско ниво, но тоа доаѓа од лошо образование и недостаток на познавања од општа култура и наука.
Од друга страна оние кои следеејќи ја токму дијалектиката на омилениот ми Хегел, (оти кога цреп како Маркс нешто критикува – тоа мора да е добро и ми е критериум) оние кои ја спроведуваат се маестрално подготвени, способни и извонредно талентирани да имаат огромен визионерски потенцијал, во смисла да ги знаат токовите на општествата или ако сте како мене од простата раја- да не читаат како селски буквар и не манипулираат како сакаат.
ЗОШТО?
А, зошто не? Алал да им е! Секако, за контрола! Се покажавме како стока неспособна за било какви промени. Последното беше битничкото движење кога го направија попара со лсд, а денес, љубителите ем конзументите на потрошувачкиот менталитет кој стана цел, а не само пропратен сегмент на животот, за било која цена, дозволуваме да ни менуваат име и идентитет и историја и природа на битие и тоа пред нос да ни менуваат и им успеа со минимален отпор. А, не псинаа оти чекаа награда за неделувањето која изостана, ама реков, алал да им е и треба уште да ни ја стегаат јамката. Маестрална манипулација, невидена, без преседан!
РЕШЕНИЕ
За да се излезе од тоа, и лично и општествено бара жртва, сопствена жртва, да жртвуваш се, бидеејќи силите со кои ќе се соочиш ќе се обидат не само тебе туку и било што до тебе да го уништат. Револуционерот знае дека неговата кауза е добра оти „нема повозвишен чин да го дадеш животот за виша цел“ – Блејд Ранер 2049, затоа и жртвата е потполна, за сите и за се. Последните такви ги нарекувавме херои, денес ги има само неколку, Асанж на пример за кој нема ни зрнце храброст јавноста формално да се заложи за него во светот, а камо ли ние, кои сонуваме како да преебеме некако систем и со кликање да ќариме промил бикоин или на спортска да фатиме еден тикет за кој сме уплатиле 50 денари, да ни реши сите живтони проблеми. Како ќе паламудиме за Гоце, а паничиме ако плата ни доцни? Да не влегувам во саможртвата на светителите во христијанството што апстрактна тема за конформистичко новокомпонованите копилиња на милениумот.
Ние сме, можеби, последната генерација која слободно шетала на планетава.
Автор: Јанко Илковски за НетПрес