На британската актерка Хелен Мирен од нејзините колеги од еснафот од Screen Actors Guilda (SAG) следната година во февруари следната година на свечена церемонија ќе ѝ биде врачена наградата за животно дело, објавија организаторите.
Оскаровката Мирен, родена какко Илјена Лидија Василевна Миронова, досега во 45-годишната кариера на филмот, телевизијата и во театарот одигра повеќе од 70 улоги во дијапазон од кралицата Елизабета до убиец на тајните служби.
„Дамата Хелен Мирен едноставно е брилијантна, таа е прекрасен талент. За сите колеги и колешки актери ја постави штичката многу високо и со секоја нова улога ги надминуваше и сопствените извонредни остварувања“, изјави актерката Френсис Френ Дрешер, претседателка на синдикатот на холивудските актерки SAG-AFTRA.
Сега 76-годишната Мирен наградата од еснафот за животно дело ќе ја додаде на претходно освоените награди, меѓу кои се еден Оскар, четири Еми, два Златни глобуса, една награда Тони и дури пет признанија на SAG-AFTRA.
Кариерата ја започнува во 1960-те години во британските театри, а клучен момент за пробив во светот на филмот и телевизијата беше нејзината улога на проблематична полициска детективка во серијата „Осомничени“. Потоа ги снима филмските хитови „Кралица“, „Госфорд Парк“, „РЕД“…
Мирен изјави дека ѝ претставува особена чест добивањето на наградата од SAG, која ќе ѝ биде врачена на свеченоста во Лос Анџелес на 27-ми февруари.
„Оваа награда за мене има посебно значење, бидејќи отсекогаш ме инспирираше американската филмска школа од која многу научив“, изјави Мирен.
Мирен е родена од татко Василиј Петрович Миронов, син на руски убеден монархист со аристократско потекло и воен инженер која работел во руската дипломатска мисија во Лондон, а мајка ѝ Кетлин Александрина Ева Матилда Роџерс потекнува од англиско работничко семејство. Во педесеттите години од минатиот век нејзиниот татко го англизира презимето на своето семејство во Миронофф, а потоа таа го скратува во Мирен.
Наградите на Screen Actors Guilda (SAG) особено им се мили на актерките, бидејќи доаѓаат од редовите на еснафот, кој во моментов брои повеќе од 115.000 активни членови. Првото доделување на наградата на SAG е одржана во 1995 година, а меѓу добитниците на признанието за животно дело се и Роберт Де Ниро, Алан Алда, Карол Барнет, Лили Томлин и други. Секој април 2.200 активни членови со случаен избор учествуваат во изборот на кандидатите за комисијата која ги избира најдобрите остварувања на колегите од филмот и телевизијата во 15 категории.