Хеликоптерот „Ingenuity“ достигна рекордна брзина во текот на летот на Марс

Минихеликоптерот „Ingenuity“ во текот на својот трет пробен лет на Марс, ја достигна рекордната брзина од седум километри на час и прелета рекордно растојание, соопшти во неделата американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Роверот „Perseverance“ слета на Црвената планета на 18-ти февуари. Неговиот мини-хеликоптер „Ingenuity“ претходната седмица влезе во историјата со првиот лет на такво летало на друга планета, а во четвртокот го изведе вториот пробен лет.

Како што објави сега NASA, хеликоптерот во текот на пробниот лет во неделата достигнал височина од пет метри, исто како и во текот на вториот лет. Но овој пат мини леталото успеало да измине растојание од 50 метри, „односно речиси половина од должината на фудбалско игралиште“, и ја достигнал максималната брзона од два метра во секунда, или околу 7 километи на час.

„Хеликоптерот Ingenuity продолжува да поставува рекорди, летајќи побрзо и подалеку во неделата на 25-ти април 2021 година од кој и да е друг пробен лет кој го изведе на Земјата“, се вели во соопштението на NASA.

Интернет страницата на агенцијата објави нови фотографии од овој лет, кои прикажуваат како хеликоптерот лета над површната на Марс. Првата е првата форографија која уредот ја направил во колор, а втората фотографија е „црно-бела“, ја направил самиот уред и ја покажува сенката на „Ingenuity“ на марсијанската површина.

Хеликоптерот „Ingenuity“ на 19-ти април го направи првиот историски лет во историјата на човешвото кога земјен уред леташе на друга планета. Тогаш уредот со тежина 1,8 килограми прелета на три метара и во воздухот мина 40 секунди, а следните седмици планирани се повеќе тест летови на повисока височина.