Социјалистите на Еди Рама во водство на изборите во Албанија, излезни анкети

Албанските владејачки социјалисти на премиерот Еди Рама водат на неделните девети парламентарни избори со освоени 46,9 отсто од гласовите, покажува излезната анкета на телевизијата Top Channel TV.

Опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша заостанува со 43,5 отсто, додка третато со големо заостанување е Социјалистичкото движење за интеграции со 6,9 отсто од гласовите.

На изборите во Албанија првпат учествуваше и една албанска партија од Косово – движењето Самоопределување на Албин Курти.

И последните предизборни анкети им даваа предност на социјалистите на Рама. Избирачките места беа затворени беа во 19 часот по локално време, но конечните резултати не се очекуваат уште неколку дена.

Парламентарините избори во Албанија, во прв ред начинот на нивното спроведување, се сметаат клучни за амбициите на земјите за придружување на Европската унија, и покрај крајни усвитената кампања одбележана и со воружен судир со жртва меѓу приврзаниците на двете најголеми ривалски партии.

Во средата во вооружен судир во градот Елбасан, еден приврзаник на социјалистите беше убиен, а уште четворица другио беа ранети.

Премиерот Еди Рама се бори за третиот мандат, но неговите социјалисти се соочуваат со големиот предизвик кој го претставуваат десетината партии кои се обединуваат околу главната опозициска Демократска партија.

Земјата со 2,8 милиони жители е меѓу најсиромашните во Европа, а епидемијата на коронавирусот дополнително ја влоши ситуецијата поради падот на приходите од туризмот.

Сите партии тврдат дека се проевропски, а Рама особено се потпираше во масовната кампања на вакцинација и вети дека до крајот на јуни ќе бидат вакцинирани 500.000 жители. Вети и дека ќе ги заврши инфраструктурните проекти и обновување на илјадници домови уништени во земјотресот во 2019 година, кои запреа за што се правда со пандемијата.

Негвоите политички ривали се фокусираа на заживување на стопанството и економијата со поддршка за малото и средно претприемништво.