Шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ постигна три гола за 24 минути за пресврт и победа на „ЛА Галакси“ против „Орландо“ со 4:3 на домашен терен.
Гостите на полувремето заминаа со предност од 2:1, со автогол на домаќините во 44 минута.
Швеѓанецот своето шоу го почна во 47 минута и во 67 за изедначувања, па го постигна победоносниот гол во 71 минута, со полуволеј, а претходните два ги постигннаа со глава. Ибрахимовиќ му асистираше на Дос Сантос за голот во 39 минута.
„ЛА Галакси“ девет натревари е без пораз, а Ибра веќе постигна 15 голови на 17 средби.