Фудбалерите на Манчестер јунајтед со трите погодока на Кристијано Роналдо на својот „Олд Трафорд“ во саботата во рамките на 29-то коло на англиското првенство го победија Тотенхем кој двапати успеваше да израмни, но не и третиот пат.
Првиот погодок Роналдо го постигна со силен удар од повеќе од 20 метри во 12 минута, но Тотенхем израмни во 35 минута од пеналот кој го реализираше Хари Кејн, а по играњето со рака на Алекс Телес во својот шеснаесетник. Само три минути подоцна Роналдо ја врати предноста на Јунајтед уфрлајќи ја топката во мрежата на гостите од голема близина по додавањето на Санчо. Новото израмнување гостите го остварија во 72 минута, а всушност тоа беше авгогол на Мегваер кој се обиде да го спречи нафрлувањето на Регуилон за Ромеро и го совлада Де Хеа. Сепак, трите бода останаа во Манчестер благодарејќи на третиот денешен погодок на Роналдо во 82 минтта кога беше највисок во скокот пред противничкиот гол и со глава го совлада Уго Љорис.
Манчестер Јунајтед моментални е четврти со 50 бодови, два повеќе но со дури четири натпревари повеќе од петтиот Арсенал, додека Тотенхем е седми со 45 бодови.
Бренфорд на свој терен успеа во финишот да го скрши отпорот на Барнли и славеше со двата погодока на Тонеј во 85 и од пенал во третата минута од судиското продолжение на натпреварот. Брентфорд сега е 15-ти со 30 бодови, додека Нарбки е во опасната зона 18-ти е со 21 бод.
Фудбалерите на Ливерпул моментално му се приближија на водечкиот Манчестер Сити на само три бода заостанување, откако остварија гостинска победа од 2:0 против Брајтон едн Хов Албион.
Домашните беа подобар ривал во првите 15-ина минути од мечот, но тоа не успеаја и да го материјализираат. И веќе во 19 минута се чини се одигра клучниот момент на мечот, кога Матип упати долга топка кон Луис Диаз кој избегна офсајд замка, а потоа ја искористи и погрешната процена на домашниот голман Санчез кои остана на „погрешна нога“ и со глава од работа на шеснаесетникот ја испрати топката во празната мрежа. Потоа Санчец и неконтролирано со нога го погоди Дијаз во градите и требаше да биде исклучен, но судијата Дин сепак го „поштеди“.
Ливепрул ја потврди победата во вториот дел. Откако Бисума невнимателно со рака го запре ударот на Мане, судијата покажа на белата точка а сигурен реализатор во 61 минута беше Салах.
Второпласираниот Ливерпул сега има 66 бодови, три помалку од Манчестер Сити кој во понеделник ќе му гостива на Кристал Палас. Брајтон, пак, е 13-ти со 33 бодови, и може евентуално да назадува едно место на табелата.
Во недела на распоредот се дуелите Челзи – Њукасл, Евертон – Вулверхемптон, Лидс Јунајтед – Норич Сити, Саутемптон – Вотфорд, Вест Хем – Астон Вила, Арсенал – Лестер Сити, а во понеделник Кристал Палас – Манчестер Сити.