Во средбите од четвртото коло на шпанското фудбалско првенство, Валенсија на гостувањето го совлада Реал Сосиедад со 1:0, додека Хетафе со 3:0 го порази Реал Бетис.
Валенсија дојде до трите бода со погодокот на Макси Лопез во 75 минута. Домашните во последните моменти од мечот успеаја да израмнат со голот на Робин Ле Норман, но „Лилјаците“ се спасија со помош на ВАР-от, откако се покажа дека во текот акцијата Ариц Елистондо играше со рака па голот беше поништен.
Во вториот меч Хетафе многу полесно од очекуванот го победи Реал Бетис со 3:0. Сите три гола беа постигнати во првиот дел, и тоа од Анхел во 13 и 42 и Кукурела во 39 минута, а две асистенции имаше Хуан Ернандез. Гостите од 84 минута играа без исклучениот Аис Манди кој доби два жолти картона.
Хетафе и Валенсија со овие победи го преземаа врвот на табелата со по седум бодови. Реал Бетис и Гранада имаат по шест бодови.