Хезболах ја нападна базата на Северната команда на ИДФ во Сафед, со самоубиствени беспилотни летала. Шиитската терористичка група сака да се одмазди за атентатите на заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури и врвниот командант на нејзините елитни сили Радван. ИДФ соопшти дека базата претрпела мала штета и дека работи како и обично.
Заменик-генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, во вторникот рече: „Ние не бараме ескалација на војната, но ако Израел го стори тоа, одговорот и конфронтацијата ќе бидат неизбежни“.
Претходно, повеќе ракети беа истрелани од Либан и паднаа во ненаселени области меѓу кибуцот Јифтах и рутата 90 во близина на границата. Исто така, во близина беа соборени и голем број дронови.
Во меѓувреме, во дваесетина северни израелски заедници во утринските часови се огласија сирени предупредувајќи за повеќекратни упади на непријателски авиони и ракети.
Ројтерс објави дека тројца членови на Хезболах, поврзани со Иран, биле убиени во вторникот во целен напад врз нивното возило во градот Гандурије на југот на Либан, цитирајќи два извори запознаени со операциите на групата. Изворите не ги идентификуваа веднаш убиените во вторникот.
Висам Тавил, висок офицер во елитните сили Радван на Хезболах во јужен Либан беше убиен во понеделникот во напад што му се припишува на Израел. Тавил бил тесно поврзан со поранешниот командант на силите Кудс на иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани.