![Sadzid Hasan Nasralah](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/Sadzid-Hasan-Nasralah.jpg?resize=696%2C442&ssl=1)
Шиитското либанско движење Хезболах ќе ги прекине нападите врз Израел само доколку биде договорен прекин на огнот во Појасот Газа, рече неговиот лидер во вторникот, обвинувајќи ги странските посредници кои сакаат да ги смират тензиите во јужен Либан дека им служат на израелските интереси.
„Кога ќе заврши агресијата на Појасот Газа и кога ќе биде прогласен прекин на огнот, ќе престане и стрелањето од јужен Либан. Ако тие го прошират конфликтот, ќе го прошириме и ние“, рече Хасан Насрала во телевизиско обраќање одговарајќи на повторените закани од страна на израелските власти дека ќе војуваат со Либан.
Од нападот на Хамас врз Израел на 7-ми октомври, што доведе до војна во Појасот Газа, Хезболах ги напаѓа израелските воени позиции на границата. Израел редовно го бомбардира јужен Либан и ги напаѓа претставниците на Хезболах и извршува напади со беспилотни летала врз припадници на палестински Хамас во Либан.
Насилството расели десетици илјади луѓе од двете страни на границата.
Насрала предупреди дека доколку Израел предизвика војна со Либан, раселените од северот на Израел „нема да се вратат“ и дека властите треба „да подготват засолништа, хотели, училишта и шатори за два милиона раселени од северот“ на Израел.
Ги критикуваше и странските пратеници кои се секојдневно се изменуваат во Бејрут кои тврдат дека целта им е да се намалат тензиите.
„Сите делегации кои дојдоа во Либан во последните четири месеци имаа само една цел: да го заштитат Израел“, рече тој.
Францускиот план, според дипломатски извори, предвидува прекин на насилството од двете страни на границата и повлекување на борците на Хезболах на десет до 12 километри северно од границата.
„Никој да не мисли дека Либан е слаб, дека се плаши и дека може да ни се наметнат услови, седум или десет километри“,порача рече Насрала.
За четирите месеца во спорадичните размени на оган со Хазболаг во Либан загинале повеќе од 200 лица од кои околу 170 припадници на Хезболах повеќе од 30 се цивили меѓи кои десетина христијани, според податоците на AFP. На израелската страна, пак, има 19 мртви од кои 12 се војници а седум се цивили, според израелската војска.