Поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон, смета дека украинската Влада треба да оди по стапките на поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, Нелсон Мандела и да го избере дијалогот со луѓето, наместо наметнување на сила, пренесе „УНИАН“.
„Украинската Влада треба да оди по стапките на Нелсон Мандела и да избере дијалогот наместо употреба на сила“, напишала Хилари Клинтон, во својот блог на социјалната мрежа „Твитер“.