Хили ја обвини Москва за прекршување на санкциите кон Северна Кореја

Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Ники Хејли вчера ја обвини Русија за кршење на санкциите наметнати од ОН против Северна Кореја.

Според неа, постојат „веродостојни обвинувања“ дека Москва им доделува работни дозволи на северокорејските работници, објави АП.

Веродостојните наводи дека Русија ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја се загрижувачки, рече Хели.

Таа рече дека Русија не може да ги поддржи санкциите само со зборови, а потоа да ги прекршува со своите постапки.

Од Москва, пак, одговорија дека не ги прекршиле санкциите на ОН со кои се забранува вработување на севернокорејски граѓани и дека не донела нови работници од таа земја во Русија.

 

 

 

Како што објави новинската агенција Интерфакс, рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Матсегора, новите работни дозволи се издадени на работници од Северна Кореја кои и претходно живееле во Русија и работел под старите договори.

Според “Волстрит журнал“, повикувајќи се на податоците на руското Министерство за внатрешни работи, повеќе од 10.000 севернокорејски работници биле регистрирани во Русија од септември, и дека од почетокот на оваа година се издадени 700 нови лиценци. На овој начин  Русија потенцијално ги прекршила  санкциите на ОН воведени за да се намали протокот на пари во Северна Кореја и да се притисне Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје.

И официјални претставници на ОН истражуваат дали има прекршување на санкциите.