Од Центарот за управување со кризи информираат дека поради тековни работи на ЈП „Водовод и Канализација“, денеска и утре може да останат без вода делови на Водно.
Од ЈП Водовод и Канализација, известени сме дека на ден 08.10. и 09.10.2018( понеделник и вторник ), ќе се врши чистење и хлорирање на резервоар „Барутана 1“. Поради тоа можно е во периодот од 9.00 часот па се до завршување на работите без вода да останат корисниците од населба Водно. ( општина Центар ), велат од ЦУК.