Хоџа е новиот Красниќи на СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  реагираше на информацијата потврдена од самиот Џезаир Шаќири дека добил функција во Владата, откако од премиерот Зоран Заев и неговото министерство за транспарентност нема ниту „Т“ со денови за веста дека Командант Хоџа е нов советник на премиерот.

Наспроти декларативните настојувања на Владата за транспарентност која спаѓа во рубриката гол популизам, денес дознвме дека Танушевци било “заробено”, па потоа “ослободено”. Дека за да се добие позиција во владата треба да се зароби некое село или град, и дека тоа се критериуми за напредок, а не професионалните компетенции, какво образование или минат труд има зад себе. СДСМ и во овој мандат си го пронајде новиот Красничи, но овој пат награден и со позиција во владата. Ова е време кога имаме целосна ерозија на принципите и вредностите. Сите говорат, но владата молчи… а молчат затоа што тонат во сопствената жива кал. Владата, Премиерот и Министерот за внатрешни работи должат одговори… и треба да се свесни дека бргу ќе дојде денот кога за се ова што им прават на граѓаните и на нашата држава ќе понесат одговорност, бидејќи мора во нашата држава конечно одговорноста да има име и презиме, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.