Хофенхајм го сопна Баерн (М), Борусија Д. од пекол во рај

Сосема неочекувано, фудбалерите на Хофенхајм ставија крај на победничката серија на старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М).
Саботната пресметка од 28. коло во германската Бундес лига заврши без победник, но фудбалските фанови беа сведоци на шест прекрасни погодоци.
Аактуелниот светски и европски клупски шампион запиша 19 победи по ред, а вината за неочекуваното реми може да се побара и во очекуваното опуштање кое е присутно кај баварскиот гигант откако и официјално е освоена новата, 24 шампионска титула.
И покрај негативата од два гола, која ја имаа во 19 минута од натпреварот, фудбалерите на Борусија од Дортмунд на крајот забележаа минимален триумф од 3:2 на незгодното гостување во Штутгарт.
Сите три погодоци за Борусија до Дортмунд беа дело на репрезентативецот на Германија, Марко Ројс.
Фенерџијата на првенствената табела, тимот на Брауншвајг за жал се покажа како непремостлива пречка за фудбалерите на Баер од Леверкузен кои полека но сигурно ја губат битката за четвртата позиција на табелата која ганатира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.
Резултати: Баерн М. – Хофенхајм 3:3, Штутгарт – Борусија Д. 2:3, Леверкузен – Брауншвајг 1:1, Волфсбург – Ајнтрахт Ф. 2:1, Мајнц – Ааугсбург 3:0, Фрајбург – Нирнберг 3:2.
Денеска на програмата: Борусија М. – Хамбургер, Хановер – Вердер.