Холандија ја обвини Русија за целење на нејзината енергетска инфраструктура

Русија изминатите седмици наводно се обидела да собере разузнавачки податоци за наводна саботажа врз клучната инфраструктура во холандскиот дел на Северното Море, тврди во понеделникот без приложување докази холандската воена разузнавачка служба MIVD.

Кај ветроцентралите во Северното Море била откриен руски брод кој ја скенирал енергетската инфраструктура, изјави шефот на MIVD, генералот Јан Свилсен, на прес-конференција.

„Бродот од Северното Море го испратија холандската морнарица и крајбрежната стража пред да успее саботажата. Последните месеци воочувавме руски актери како се обидуваат да го откријат функционирањето на енергетскиот систем во Северното Море. Ова е првпат тоа да го видиме. Русија мапира како функционираат нашите ветропаркови во Северното Море. Многу ги интересира за да можат да ја саботираат енергетската инфраструктура“, рече Свилсен.

Холандските разузнавачки агенции MIVD и AIVD во заедничкиот извештај објавен во понеделникот тврдат дека клучната подморска инфраструктура, како што се интернет каблите, гасните цевководи и ветерниците станале цел на руските саботажни активности. Потенцијални цели на руските закани се снабдувањето на Холандија со вода и енергија во земјата, се тврди натаму.

„Русија во тајност ја исцртува оваа инфраструктура и презема активности кои укажуваат на подготовки за попречување и саботажа“, се додава во писмената изјава.

Објавата од Холандија доаѓа откако претходно во понеделникот Кина повика на непристрасна меѓународна истрага за експлозиите кои ланскиот септември во Балтичкото Море ги уништија руските гасоводи Северен тек 1 и 2 кои со гас ја снабдуваа Германија односно Европа.

Изминатите седмица, освен неколку германски дневни весници, ниеден водечки западен медиуми не се осврна на написот на наградуваниот американски истражувачки новинар Сејмур Херш кој многу прецизно опиша како САД по наредба на претседателот Џо Бајден девет месеци го планирале кревањето во воздух на руските гасоводи. Според изворот на Херш, експлозивните направи ги по поставиле американски нуркачи ланскиот јуни во текот на вежби на НАТО а ги активирала три месеци подоцна Норвешка.

Холандија претходно во саботата соопшти дека ќе протера сѐ уште не утврден број руски дипломати, тврдејќи дека Русија испраќа шпиони. Притоа ѝ нареди на Русија да го затвори своето трговско претставништво во Амстердам, а во очекување на руските противмерки најверојатно ќе биде затворен холандскиот конзулат во Санкт Петербург.